Најмалку уште две крупни компании очекуваме во наредните неколку недели да го објават своето влегување во Македонија, изјави во средата македонскиот премиер Никола Груевски, додавајќи дека таа бројка може да биде и поголема. Во наредните три-четири недели, очекуваме најмалку уште две крупни компании да го објават својот влегување во Македонија. Можеби и повеќе, но најмалку две компании, според сознанијата што ги имаме. Тој нагласи дека не може да каже за кои компании станува збор, се' додека самите компании не одлучат да ја објават својата намера, или не ја овластат македонската влада тоа да го стори во нивно име. Bообичаено не можам да зборувам за имиња додека самите не ги објават своите намери или пак не не' овластат тоа да го направиме. Се додека не се случи тоа ние сме мошне внимателни.
Најмалку уште две крупни компании очекуваме во наредните неколку недели да го објават своето влегување во Македонија, изјави во средата македонскиот премиер Никола Груевски, додавајќи дека таа бројка може да биде и поголема.
„Во наредните три-четири недели, очекуваме најмалку уште две крупни компании да го објават својот влегување во Македонија. Можеби и повеќе, но најмалку две компании, според сознанијата што ги имаме“, изјави Груевски.
Тој нагласи дека не може да каже за кои компании станува збор, се' додека самите компании не одлучат да ја објават својата намера, или не ја овластат македонската влада тоа да го стори во нивно име.
Вообичаено не можам да зборувам за имиња додека самите не ги објават своите намери или пак не не' овластат тоа да го направиме. Се додека не се случи тоа ние сме мошне внимателни, изјави Груевски.
Тој оцени дека работите во поглед на странски инвестиции годинава почнале добро, со оглед дека една турска фармацевтска компанија веќе објави дека влегува во Македонија.
„Новата објавена инвестиција, како и тие што се во најава, ќе отворат компании во кои ќе се вработат голем број луѓе“, рече Груевски.
Тој истакна и дека имало поголем број компании што планираат да отворат нови фабрики, а Македонија е влезена во потесен круг од три - четири држави меѓу кои треба да се одлучат каде ќе ја реализираат својата нова инвестиција.
Премиерот Груевски најави дека владиниот тим ќе ги продолжи своите активности во насока на привлекување што повеќе инвеститори со крајна цел отворање нови работни места.